Published: Tuesday, April 21, 2015 16:06
Капетанот на бродот што се преврте во Медитернаските води е уапсен под сомнение за повеќекратно убиство без умисла.
Тој, како и еден член на посадата се обвинети за криумчарење луѓе, соопштуваат италијанските власти.
Капетанот и неговиот помошник биле уапсени синоќа по доаѓањето во Катанија. Во бродоломот во неделата се удавија околу 900 мигранти.




