Published: Friday, April 8, 2016 17:49
Клучниот осомничен во ноемвриските терористички напади во Париз, МохамедАбрини, е уапсен, велат белгиските медиуми.
Извори цитирани во белгиски медиуми велат дека Абрини исто така најверојатно е “човекот со шапка”, виден од видео надзорот на CCTV, пред експлозиите на аеродромот во Брисел на 22 март.
Обвинителството потврди дека неколку апсења биле направени во врска со нападите во Брисел.
Во нападите на аеродромот и метрота станица во Брисел билансот е 32 мртви, додека загинати во нападите во Париз на 13 ноември се 130 луѓе.




