Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен осомничен за нападот во Дортмунд- можна терористичка врска

0
By Нова ТВ on April 12, 2017 СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската полиција го уапсила осомничениот за вмешаност во синоќешната експлозија во Дортмунд, соопшти Федералното обвинителство.

Главната обвинителка Фрауке Келе потврди дека истрагата се обидува да истражи дали се работи за можна „терористичка врска“, пренесува АФП.

-Двајцата осомничени од исламистички спектар се наоѓаат во фокусот на истрагата. Становите на двајцата им се претресени и еден од нив е задржан во притвор, вели Келе.

Агенцијата АП истакнува дека федералното обвинителство ги презема случаите кои се сметаат за сериозно, вклучувајќи ги и оние за кои има сомнение дека се од терористички мотиви.

Претходно полицијата објави дека истражува можна „исламистичка врска“ по повод нападот, откако на местото е пронајдено писмо каде се споменува нападот на божиќниот панаѓур во Берлин.

Во писмото се споменува и германската извидувачка мисија „Торнадо“ во рамки на меѓународната коалиција која се бори против Исламската држава, објавија неколку германски медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Портпаролката на полицијата Нина Фогт за ТВ станицата ЗДФ дека „истрагата мора да се движи во сите правци“.

Магазинот Форбс пак објави дека германските истражители испитуваат содржина и на друго писмо во кое се презема одговорноста за експлозијата. Наводно пораката е објавена на еден антифашистички интернет портал во која се тврди дека нападот е извршен во знак на одмазда поради „мекиот став“ на клубот кон неонацистичките и расистички изјави на навивачите.

Три експлозии се случиле во близина на автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, но немаше поголеми последици, бидејќи автобусот имал блиндирани стакла.

При експлозијата повреден е играчот Марк Батра. Тој синоќа бил опериран поради повредата на раката и дланката.

Автобусот се движел кон стадионот на клубот каде требаше да се одигра натпреварот од Лигата на шампиони против Монако.

Германската полиција претходно објави дека пронашла писмо во кое се презема одговорноста на овој напад, но не објави детали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.