Published: Friday, April 17, 2015 12:10
Шпанската полиција го уапсила Родриго Рато, поранешен шеф на ММФ. Тој е осомничен за финансиски измами и перење пари.
Тој бил уапсен во неговиот дом во Мадрид од даночните власти во Шпанија. Даночната полиција го претресувала неговиот дом цели три часа. Потоа бил ослободен.
Рато беше член на шпанската Народна партија и министер за финансии (1996-2004) во конзервативното управување на премиерот Хозе Марија Азнар, и водечка фигура на премиерот Мариано Рахој.




