Претседателот на јапонската автомобилска компанија Нисан, Карлос Госн е беше уапсен под сомнение за финансиски, соопшти компанијата.
Бордот на состанокот минаната недела врз основа на интерната истрага утврдил дека Госн прикажувал помал доход од вистинскиот и преземал други незаконски дејства. Најавија дека тој ќе биде отпуштен од работа.
Од Нисан соопштуваат дека Госн и директорот Грег Кели во извештаите поднесени до берзата во Токио искажувале помали износи на бонусите и додатоците на плата од вистинските, за да се намали објавениот износ на надоместоците што ги прима Карлос Госн.
Понатаму од компанијата додаваат дека се откриени и редица други крупни незаконски дејства на Госн, како користење пари на компанијата за лични потреби, а потврдена е и значителна вмешаност на Грег Кели.
Во Нисан со месеци водеа интерна истрага откако од свиркачи добија дојава за неправилности.
Акциите на Рено денеска паднаа за 12 отсто на берзата во Париз по објавувањето на информацијата.
Бразилецот Гош е човекот кој ги оживеа Рено и Нисан во 90-тите години од минатиот век. Во 2017 година, Рено-Нисан-Мицубиши стана најголем светски продавач на лесни возила, надминувајќи о германски Фолксваген.




