Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени се три лица во Летонија и Таџикистан за грабежот на сефовите во Шпаркасе

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 16, 2019 16:29

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кривичните дела „Тешка кражба“ и “Злосторничко здружување“.

Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД. Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети.

Во периодот од јули до ноември 2017 година, осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви – калаузи за нивно отворање. Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.

До овој момент, еден од осомничените е уапсен во Латвија, додека двајца во Таџикистан.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.

Грабежот во Шпаркасе банка беше пријавен во МВР во декември 2017 година кога петмина граѓани пријавија дека им недостасуваат пари и предмети кои ги  чувале во сефовите.

За целиот случај повеќе на овие линкови:

Паника во „Шпаркасе Банка“, граѓаните ги празнат сефовите

“Шпаркасе” со МВР ги истражува пријавите за испразнетите сефови

ОЈО ќе проверува дали имало кражби од сефови на Шпаркасе банка

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.