Британската полиција уапси 7 лица во текот на ноќта по вчерашниот напад врз британскиот Парламент во кој загинаа 3 лица.

Полицијата вршеше претреси во текот на ноќта во еден дом во Бирмингам на северот на Лондон но не беше соопштено кој живее на таа адреса. Полицијата исто така не го соопштува името на напаѓачот од вчерашниот напад во Лондон иако лицето било идентификувано.