МВР на Србија соопшти дека е уапсен 28 годишно момче осомничен дека на социјалната мрежа Фејсбук како коментар на страницата на дневниот весник Курир се заканула на семејството на премиерот Александар Вучиќ.
При претресот кај осомничениот бил пронајден мобилен телефон преку кој тој бил логиран на Фејсбук како „Дете на Паризан“, профил од кој биле упатени заканите.
Тој е задржан 48 часа во полиција по што му е поднесена кривична пријава и е приведен, се вели во соопштението.
Вучиќ во изјава за новинарите рекол дека тешко ги поднел навредите на сметка на неговата малолетна ќерка на Фејсбук.
Ова е втор случај што за кратко време се поврзува со закани за семејството Вучиќ. Пред речиси два месеци Вучиќ на прес конференција соопшти дека во близина на семејната куќа на неговите родители во Јајинци било пронајдено оружје – зоља, рачни бомби и 100 парчиња муниција калибар 7,62, по што Безбедносната информативна агенција започна истрага за можен обид за атенатат врз премиерот, бидејќи наводно местото каде е пронајдено оружјето било на рутата кај што се движел неговиот автомобил.
Уапсен е 35 годишен маж во околината на Бања Лука и предаден на судот во БиХ за екстрадиција.




