Навивач на Црвена ѕвезда вчера вечер е убиен во Истанбул каде што српскиот кошаркарски тим играше со Галатасарај. Убиството се случило по избувнувањето на нереди пред спортската сала “Абди Ипекчи” кога на навивачот од Србија му биле нанесени убоди со нож.
Според српските медиуми станува збор за 25 годишниот Марко Ивковиќ од Земун кој бил дел од групата на 400 навивачи на Црвена ѕвезда кои не успеале да влезат во салата бидејќи не успеале да купат карти по што избиле нередите.
Смртта на навивачот е потврдена од српскиот конзул во Истанбул, Зоран Марковиќ.
Ова е гест на непријателство кога на Србија и се забиваат ножеви од сите страни, изјави Марковиќ. Тој во изјавата ги обвини турските власти дека не превземале мерки на безбедност иако, како што вели тој, им било укажано дека станува збор за меч со висок ризик.
Организацијата беше срамна исто како и однесувањето на полицијата. Беа целосно запознати со се што може да се случи. Неверојатно е полицијата да фрли солзавец врз српските навивачи и тогаш во тој чад да втрчаат турксите хулигани и да бодат со ножеви, изјави претседателот на КК Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ.
Од своја страна тренарот на Галатасарај по зваршувањето на натпреварот во Евролигата изјави дека навивачите на Црвена ѕвезда се терористи.
РТС јави дека навивачите на Галатасарај фрлале со камења кон навивачите од Србија и извикувале “Косово..Косово”
Весникот Хуријет пак тврди дека при напуштањето на салата српските навивачи го демолирале просторот околу халата кршејќи возила и излози.




