Американскиот новинар Лук Сомерс бил убиен од бунтовниците за време на операцијата за негово ослободување од киднаперите на Ал-Каеда во Јемен, соопшти секретарот за одбрана Чак Хејгел.
Во сооштението на Хејгел, објавено за време на посетата на Авганистан се наведува дека Сомерс бил убиен од бунтовниците за време на операцијата. Вториот заложник кој не е американски државјанин исто така бил убиен при обидот за спасување.
Хејгел истакна дека операцијата била оправдана бидејќи имале убедливи причини да веруваат дека животот на Сомерс бил во опасност. Локалниот огранок на Ал-Каеда во Јемен пред два дена објави видео каде бунтовниците се закнуваат дека ќе го убијат Сомер, доколку за три дена Вашингтон не ги исполни нивните барања. Сомерс беше киднапиран минатата година во септември во јеменскиот главен град Сана.




