Бугарската гранична полиција во близина на границата со Турција пукала кон еден мигрант по што тој починал на пат кон болницата, соопшти бугарското Министерството за внатрешни работи.
– Наша гранична патрола вчера наишла на група од 50 престапници, кои илегално влегле во земјата, изјави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Геогри Костов, за националното радио БНР.
Според него, бегалците биле на возраст од 20 до 30 година, најверојатно Авганистанци. При апсењето тие давале отпор, а еден од полицајците пукал во знак на предупредување. Еден од мигрантите бил погоден со рикошет и тој подоцна починал од здобиените повреди.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој вчера учествуваше на самитот на ЕУ за бегалци, веднаш по инцидентот на границата ја напуштил средбата во Брисел.
Портпаролот на УНХЦР, Борис Чеширков, го осуди пукањето и ги повика властите во Софија да спороведат транспарентна истрага.




