Published: Monday, November 7, 2016 11:09
Ирачките сили убиле еден од лидерите на Исламската држава јужно од Мосул, соопшти денеска Тасс, повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија.
Командантот на ИС Абу Хамза со потекло од Алжир, убиен е во областа Хамам ал Алил, над која силите на ирачката влада воспоставија контрола во неделата, јави телевизијата.
Копнената операција за ослободување на Мосул од терористите на исламската држава почна на 17. oктомври, а во неа учествуваат ирачките трупи, курдски единици и коалицијата на чело со САД.




