Лидерот на пакистанската екстремистичка група Лашкар-е-Џангви, Малик Ишак е убиен заедно со своите двајца синови и 11 нивни соработници во пресметка со полицијата, соопштија локалните власти.
Судирот со полицијата се случил во провинцијата Панџаб, откако екстремистите нападнале полициски конвој во кој Малик Ишак бил транспортиран во затвор.
Лашкар-е-Џангви веќе подолго време се поврзува со Ал Каеда, а сега и со Исламската држава, а во Пакистан важи за една од најекстремистичките организации.
Малик Ишак веќе некое време се наоѓаше на црната листа на најбарани терористи во светот, а неговата организација ја има преземено одговорноста за смртта на стотина цивили, главно шиитски малцинства.
Ишак неколку пати беше обвинуван за убиства но беше ослободуван откако сведоците одбиваа да сведочат против него.




