Published: Tuesday, November 11, 2014 10:56
Двајца луѓе во неделата навечер го убиле Фернандо Рајмонди, новинар во еден од највлијателинте перуански магазини, „Каретас“ кој истражувал нарачано убиство во провинциски град јужно од Лима.
Фернандо 22-години, е убиен во бакалницата на својот татко, јавува АП.
Убијците најпрво им наредиле на луѓето кои биле до него да го напуштат локалот а потоа со метална шипка го удирале по градите, по што младиот новинар подлегнал на повредите додека бил на пат кон болница.
За сега нема информации дали убиството на Рајмонд е поврзано со неговото истражување за убиството и нарачителите.
Рајмонди е вториот перуански новинар убиен годинава, а најмалку четврти во последните две години.




