Published: Thursday, January 8, 2015 10:50
Еден полицаец е убиен, а друг е повреден во новиот напад во Париз кој се случи само ден по масакарот во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“.
Човекот кој пукал врз полицајците веднаш избегал во најблиското метро во едно од јужните предградија на францускиот главен град, а според англискиот весник „Телеграф“ напаѓачот наводно е веднаш уапсен.
Весникот пишува дека засега не е јасно дали овој инцидент има врска со вчерашното убиство на 12 лица во просториите на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ во кој загинаа главниот уредник на весникот, деветмина членови на редакција и двајца полицајци.
Француската полиција веќе приведе седуммина во врска со вчерашниот напад врз редакцијата на „Шарли Ебдо“.




