Published: Tuesday, February 17, 2015 10:30
Убиени се пет камерунски војници и 86 припадници на терористичката група Боко Харам, во престрелките на северниот дел во Камерун.
Според портпаролот на Министерството за одбрана, военото жариште било во областа Ваза на границата со Нигерија.
Судирите траеле речиси три часа. Приведени се и околу 1.000 кои се сомничат за поврзаност со Боко Харам.
На северниот дел на Камерун, од август минатата година, распоредени се повеќе од 2.000 војници.
Терористите на Боко Харам држат под своја контрола територии од североисточна Нигерија но стана и регионален проблем бидејќи извршува напади и во Нигер, и во Камерун и во Чад.




