Published: Wednesday, March 18, 2015 16:40
Во една од најпосетуваните туристички дестинации во Тунис, музејот Бардо, најмалку 17 туристи се убиени во заложничка драма. Полицијата ги неутрализираше киднаперите, а одговорноста за нападот ја презеде самопрогласената Исламска джава.
Според првичните сознанија, напаѓачите во воени униформи влегле во зградата и отвориле оган кон туристите, а неофицијално, убиени се туристи од Италија, Шпанија, Англија и Франција.
Музејот се наоѓа близу Парламентот во земјата, кој во меѓувреме бил евакуиран, а комплексот опкружен со безбедносните сили.



