Окружниот суд во Москва ги прогласи за виновни петмината обвинети за убиство на рускиот политичар Борис Немцов и ги осуди на казни затвор од 11 до 20 години.
Убиецот на Немцов, Заур Дадаев е осуден на 20 години, а неговите соученици исто така добија високи казни: Анзор Губашев – 19, Шадид Губашев – 16, Темирлан Ескерханов- 14, Хамзат Бахаев – 11 години, пренесува Тас.

На Ескерханов ќе му биде одземен и воениот чин, додека Дадаев ќе биде лишен од чинот поручник и одликувањата Ред на храброста.
Осудените ќе ги отслужуваат казните во затвори со високо обезбедување.
Познатиот руски политичар Борис Немцов поранешен прв вицепремиер во владата на Руската Федерација во раните 1990-те, беше застрелан на 27 февруари во 2015 година во центарот на Москва, вечерта пред најавениот марш на руската опозиција против украинската војна. Немцов беше остар критичар на политиката на рускиот претседател Путин и посебно на неговата политика кон Украина.




