Два дена по масакрот во геј клубот во Орландо, американските медиуми објавуваат спротивставени слики за Омар Матин, човекот кој уби 49 луѓе, а рани над 50, во најкрвавиот масакр во американската историја.

Што е она што го натерало Омар Мир Седик Матин, роден во Њујорк кој работел како обезбедување, син на родители имигранти од Авганистан, да изврши ваков акт на насислтво – најголемиот терористички акт на американска почва по нападите од 11 септември?

Еден од вработените во ноќниот клуб Пулс каде што се случи масакрот вели дека неколкупати го видел Матин во клубот. Според негова проценка тој се појавувал двапати месечно во последниве три години.

puls

– Беше многу пријателски настроен, не поздравуваше. Не изгледаше како човек што би можел да го направи она што го направи. Просто несфатливо, вели Крис Колен.

Еден од посетителите на клубот, на истражителите им изјавил дека Матин неколкупати изминатата година му пратил покани за средба преку апликација за друштвена мрежа за хомосексуалци.

Но оваа слика е сосема спротивна од онаа што за него ја имаат неговите соработници. За нив тој бил познат како човек кој често користел погрдни зборови за хомосексуалците.

– Тој беше бесен човек, насилен по природа и нагативно настроен кон речиси секого, независно на која класа припаѓа, вели Ден Гилрој, поранешен полицаец, којвели дека отсекогаш Матин му бил сомнителен дека е способен да изврши некакво насилство.

zena

Поранешната сопруга на убиецот, Ситора Јусуфи, нивната врска ја опишува како насилна со ментално болен човек, од кого успеала да избега со помош на нејзиното семејство. Го опишува како насилник кој користел стероиди во недозволени количини.

Во однос на неговата сексуална определба, таа вели дека никогаш не забележала знаци дека е наклонет кон хомосексуалци, но дека сакал често да излегува во ноќни барови, но сакал за тоа никој од неговото семејство да не дознае.

Според американските медиуми, Матин бил оженет по вторпат и имал три ипол годишно дете.