Пет мртви тела, помеѓу кои и три деца се пронајдени во близина на Берлин, кај местото Сензинг, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите од портпаролот на тамошната полиција, денеска претпладне, во куќа, биле пронајдени пет тела, откако добиле дојава. Постојат сомнежи дека станува збор за убиство.

Во тек е голема истрага на полицијата, со цел да се дознаат повеќе детали за случајот.

– На телата видливи се прострелни и убодни рани, вели Гено Бантлеон, државен обвинител во разговор за германски Билд.