Директорот на едно радио во Доминиканска Република и еден новинарите биле убиени во вторникот во сред емисија која одела во живо и пренесувана на интернет. Новинарите биле убиен од непознати лица како што тврди полицијата.
Освен двете убиен лица била ранета и една секретарка.
Емисијата одела во живо и на интернет и видеото покажува како новинарот ги чита вестите а потоа се слушаат две пукотници а новинарот продолжува да чита уште неколку секунди. Пред да се прекине видеото новинарот следи со загрижен поглед едно лице и потоа се слушаат пукотниците. Еден женски глас извикува «пука, пука, пука» а потоа екранот станува црн.
Вработените во радиото раскажуваат дека напаѓачот прво го убил директорот во неговата канцеларија а потоа се свртел кон новинарот и пукал кон секретарката.
Радиото е сместено во еден трговски центар.
Здружението на интерамериканските медиуми, организација за одбрана на слободата на печатот, ја осуди оваа трагедија. И побара ид властите да го расветлат убиството, да откријат кој е мотивот на напаѓачот и да го изведат пред правдата.
Во 2016 година Доминиканската Република била на 62 место од вкупно 172 на листата на Репортери без граници за слобода на медиумите.
«Новинарите кои се осмелуваат да пишуваат за корупцијата и шверцот на дрога често се жртви на физичко насилство па дури и убиство», вели организацијата Репортери без граници во последниот извештај.
За споредба, на истото рангирање на слободата на печатот Македонија се наоѓа на 118 место за 2016 година.




