Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиството на бизнисменот Санто сѐ уште ја разбранува албанската јавност

0
By Нова ТВ on June 29, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 29, 2014 22:19

Топ тема во албанските медиуми сѐ уште е убиството на познатиот бизнисмен од Тирана, Артан Санто. Според тамошните медиуми, четиричлениот истражен тим, под раководство на Петрит Фуша, работи на прибирање податоци кои би го советлиле овој настан што ја возбуди албанската јавност.

Повикувајќи се на неофицијални извори, медиумите од Тирана информираат дека обвинителството составила список со имиња на лицата кои ќе бидат повикани на разговор, во која се опфатени бизнисмени и партнери со кои соработувал убиениот Санто.

Албанските медиуми информираат дека обвинителството побарало информации и од некои странски извештајни служби и дека истрагата може да се прошири и во дел од соседните земји во кои починатиот имал деловни соработници.

Се дознава дека од канцеларијата на Санто се запленети неговиот работен компјутер како и други лични предмети кои би можеле да и помогнат на истрагата.

Во меѓувреме, албанската полиција распиша награда од 100 илјади евра за секој што ќе достави квалитетни информации во врска со убиството на Санто. Албанските медиуми информираат дека во врска со овој настан се сослушани Астрит Бушати и Кујтим Чела.

И двајцата се познати на албанската полиција и на тамошната јавност. Кујтим Чела е брат на Гезим Чела, еден од босовите што го контролираат шверцот со дрога во Албанија.

За убиството на Санто сѐ уште никој не е прогласен за виновен. Она што посебно ја интригира албанската јавност е фаткот што атентатот врз бизнисменот Станто се случи среде бел ден, во најфреквентниот кварт на Тирана и речиси пред очите на многуте полицајци кои го обезбедуваат овој дел од градот. На двајцата мотоциклисти што го извршија убиството им успеа да побегнат минувајќи низ многуте главни улици на Тирана, без да остават никакви траги зад себе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.