Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учебник по Историја за 9. одделение: 130.000 бугарски војници се приклучија кон антифашистичката коалиција

0
By Нова ТВ on November 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2020 16:32

По 9 септември 1944 година, Бугарија со 130 илјади војници се придружила кон антифашистичката коалиција и учествувала во антифашистичката борба на територијата на Југославија и Унгарија, до конечната капитулација на Германија. Ова е навод содржан во лекција од учебникот по предметот Историја за деветто одделение од кој учат основците во земјава.

Учебникот од авторите д-р Ѓорги Павловски, проф. Димка Ристовска, д-р Владо Велковски, проф. Аријан Аљадеми и проф. Халид Сејди првпат е издаден во 2005 година, тогаш како учебник за осмо одделение.

Во продолжение, интегрално ја пренесуваме таа наставна единица, под наслов „Антифашистичкиот отпор на Бугарија“.

АНТИФАШИСТИЧКИОТ ОТПОР НА БУГАРИЈА

Привремените успеси на надворешен план на Бугарија не го попречиле внатрешниот отпор против фашизмот. По нападот на Германија на Советскиот Сојуз во јуни 1941 година, БКП го повикала бугарскиот народ на антифашистички отпор. Првите знаци на отпор се појавиле во Разловечко, Дупничко и други места. По Сталингратската битка, малите партизански групи се претвориле во одреди: Чавдар, Антон Иванов, Христо Ботев, Рилско–Пиринскиот одред и др. Бугарија била поделена на 12 операциони зони и се формирал Главен штаб на партизанското движење.

Во периодот од 1943 до 1944 година во Бугарија дејствувале 30 илјади партизани. Развитокот на антифашистичкиот отпор ја вознемирил бугарската влада. Политиката на репресии била сѐ поприсутна. За секој убиен партизан владата давала награда од 50 илјади лева.

Поразите на фашистичка Германија на Источниот фронт силно се одразиле и на политичкиот живот во Бугарија.

Преминувањето на Дунав и влегувањето на Црвената армија во Бугарија ја изменило внатрешната политичка ситуација. На 9 септември 1944 година во Бугарија бил извршен преврат и се формирала нова влада. По 9 септември, Бугарија со 130 илјади војници се придружила кон антифашистичката коалиција и учествувала во антифашистичката борба на територијата на Југославија и Унгарија, до конечната капитулација на Германија.

Лекција од учебникот по Историја за 9. одделение

извор: 360степени

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.