Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учебникот по Социологија ќе се повлекува-прашањето за одговoрноста останува

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебници со дискриминаторски содржини, навреди за одредени етнички заедници, граматички грешки, употребени мали наместо големи букви, изменети историски настани или како во спорниот учебник од втора година гимназиско образованите каде меѓу другото се вели дека „жената што е затворена дома нема јавни улоги и нема можност да прави кривични дела“.

По бурните реакции од јавноста, од МОН најавија дека во планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците е и „Социологијата“ за втора година средно образование и до почетокот на учебната 2020/2021 неговата содржина ќе биде соодветно измената.

„Забелешки за овој учебник неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование (бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година). За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки, наведува Министерството.

Дел од спорната содржина во учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Индикативно е, како никој од надлежните служби, ниту од наставниците досега не реагирал на содржина во овој учебник. За оваа дискриминаторска содржина која ја искривува перцепцијата на учениците дознавме од родител, на социјалните мрежи, како што всушност дознаваме и за други учебници за кои во последната деценија има бурни реакции и забелешки.

Ана Глигорова, активистка

Ана Глигорова, активистка во борбата против извршителите која на Фејсбук откри каква содржина крие учебникот по Социологија, за НОВА вели дека учебникот треба итно да се повлече, а не на полугодие или на крај на учебната година и да се направи скрипта по која учениците ќе ја совладаат материјатаза  оваа учебна година.

„Самата содржината(каде меѓудруготосе наведува дека и прељубата е кривично дело) е кривично дело заради заблуда, дискриминација и измама. Учебникот треба итно да се повлече, без да се чека полугодие“, вели Глигорова за НОВА.

Според процедурата, Бирото за образование го изготвува годишниот план и програма, а педагошката служба на МОН распишува јавен оглас за прибирање на ракописи за учебници кои потоа се проследуваат до Националната комисија за учебници. Потоа се бараат рецензенти кои треба да ги изнесат забелешките од содржината.

Извори за НОВА, од Министерството велат дека имало случаи кога забелешките на рецензентот не се земале во предвид или се игнорирале и така учебниците биле пуштани на печатење. Дали и во овој случај било така треба да докажува МОН и службите кои се задолжени за тоа.

Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик во Гимназијата „Корчагин“

Внимателно со содржините во учебниците, вели Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик во „Корчагин“. Таа вели дека доцна препознавме дека образовните политики, без оглед на добрите идеи во зародишот, може да пермутираат во погубни политики при што колатерална штета се учениците, а меѓу примерите е и екстерното тестирање и Кембриџ систем.

„Многу внимателно со содржините на учебниците, тие се чеда кои ни ги растат чедата, правилно ги воспитуваат и образуваат, не се маркетинг трикови, комерцијални брзо потезни дела, тие треба да се инспиративни ремек-дела податливи за многу генерации ученици и со извесна доза на нови содржини прилагодени на новите времиња“, потенцира професорката Алексиќ.

Наде Молеровиќ, директорка на ОУ„Гоце Делчев“

Имајќи во предвид колку брзи се промените во секој поглед и на секое поле можеме да заклучиме дека содржините што се во нашите учебници денес се изградени на знаења од минатото,нерелевантни и надминати научни вистини, вели Наде Молеровиќ, директорка во ОУ „Гоце Делчев“ .

„Денешните учебници кај нас за жал се уште промовираат меморирање, наместо разбирање и не секогаш и сите содржини соодветствуваат на возраста на детето. Преобемни се, застарени, водени и напишани од автори кои со години наназад немаат допир до училници, училишта и со публиката на која им се наменети-децата/ученици. Особено изгубена е врската и не се со чекор на потребите на модерните генерации ученици кои учат на интерактивен, забавен, илустративен начин. Најтажно е што учениците не можат во учебниците да ги пронајдат одговорите на прашањата: Зошто? Како? Она што мене посебно ме загрижува е: наставниците согласно досегашните учебници пренесуваат застарени, досадни, некорисни информации“, вели Молеровиќ.

Нелко Стојановски, универзитетски професор и автор на учебникот по Социологија

Универзитетскиот професор Нелко Стојановски кој заедно со уште двајца ко-автори го напишале учебникот пред 17 години, вчера изјави дека за него нема ништо спорно ниту дискриминаторско во учебникот бидејќи книгата била базирана на факти и бројки за стапката на криминал од историски материјали.

Сепак, овој учебник ќе биде повлечен, ревидиран  и препечатен од страна на МОН. Но, она што никој досега не го потегна е прашањето на одговорноста за сите чинители, вклучувајќи ги тука и рецензентите и одговорните во Бирото за образование.

образование Социологија учебник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.