Македонскиот интернационалец го „намести“ вториот гол за екипата од Азербејџан во мечот со ПАОК (2:0)
Муарем Муарем во улога на асистент во триумфот на Карабаг против ПАОК во Лига Европа. По додавање на македонскиот интерационалец во 87 минута, тимот од Азербејџан го постигна вториот гол на мечот за печат на конечната победа, прва во рамки на групата Ј.
Муарем беше стартер и одигра 90 минути. Беше заменет во судиското продолжение како една од најсветлите точки на теренот во домашната екипа.
Тој беше и единствен македонски фудбалер со обврски во Лига Европа оваа вечер. Астана гостува во Атина на Олимпијакос, но без Агим Ибраими во протоколот кој повторно се пожали на повреда по еден од тренинзите пред натпреварот.