Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Угостителите бараат помош: 29.000 работни места доведени во прашање

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2020 15:20

Субјектите со претежна дејност угостителство ги затворија вратите по донесената уредба од Владата како резултат на опасноста од ширење на вирусната инфекција. Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа дејност и луѓето вработени во овој сектор сред здравствена криза да останат без никаков приход, порачаа на денешната прес конференција од Туристичко угостителската комора која изнесе предлог мерки за ублажување на последиците од оваа состојба.

Државата, велат, да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход.

Групацијата предупреди дека угостителите не можат сами да го издржат економскиот удар од коронавирусот и дека доколку нема помош со која ќе можат да се одржат најверојатно голем дел од вработените ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31 март. Со тоа, директно ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на 29.000 луѓе колку што се вработени во оваа гранка, а дополнително проблемите ќе ги почувствуваат и нивните семејства

Мерките кои се веќе предложени, не ги решаваат нивните проблеми и не само што нема да им помогнат да ги надминат финансиските проблеми, туку и дополнително ќе ги задолжат. Според Мартин Ангеловски од Групацијата, предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а угостителите веќе преку половина месец се без приходи.

„Овие субјекти се микро и мали, а поради уредбата имаме нула приходи во дејноста и поради тоа не можеме да ги покриеме трошоците. Повеќето од нас користат кредити од комерцијалните банки,  за кои се уште нема одлука за мораториум како во другите држави. Би биле презадоволни доколку за нашата дејност може да се изнајде начин да се донесат конкретни мерки кои ќе нѐ одржат во живот. За таа цел се консултиравме меѓусебно повеќе од 1000 угостителски објекти во целата земја во сектор кој вработува повеќе од 29.000 луѓе, доколку го вклучиме и бројот на нивните семејства претставува сериозна бројка, која не сме во можност да ја издржиме, без адекватни мерки на Владата и Банките“, рече Ангеловски и додаде дека целта на мерките за потребата од помош од државата, не е за спас на изгубени добивки, туку да се успее да се преживее оваа агонија на неизвесност и на штети настанати од оваа светска пандемија, која секој ден се повеќе врши притисок да се затворат овие деловни субјекти.

Тој ги претстави конкретните предлог мерки на угостителите:

– Субвенционирање на минимална бруто плата за вработените, во периодот додека траат превентивните мерки,

– Oдложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци,

– Замрзнување и репрограм на обврски по кредити и камати како и други доспеани обврски према банките до завршување на кризата.

-Да профункционира итно и без одложување отварањето на кредитните линии со субвенционирана камата.

Исто така, предлог е и да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните 3-5 месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да не се исклучува поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите.

Од Туристичко угосителската комора велат дека последиците не се само здравствени и економски, туку дека се носи и огромен психолошки товар на одговорност кон сите лица кои се вработени и не треба да ги изгубат своите работни места и да останат без приход во време на криза.

 

помош Работни места угостители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.