Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Угостителите здружени бараат партнерство за реформи од институциите

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селективни инспекции, високи и нереалистични казни, правна несигурност и отсуство на амбиент за инвестиции и развој, ова се главните забелешки на Здруженито „Хорекаши“ кои денеска прв пат се претставија пред јавноста за да информираат дека се здружуваат со цел еснафот да биде ставен пред политиката, а државата партнерски да ги ислуша. Бараат изготвување на национала стратегија за угостителство и реформи во законодавството за како, како што велат, економски просперитет.

Ние не сме против закони и правила, ние сме за економски просперитет кој ќе ги искористи потенцијалите на Македонија кои лежат во туризмот. Затоа ние бараме партнерство со институците за изготвување национала стратегија за економски развој во сферата на турзимот, угостителството и другите услужни дејности, рече Илија Аргировски.

Здруженито вели дека нивниот углед е нарушен, дека се таргет на сите можни инспекции, а дека тие како мали компании се без никаква политичка моќ, па затоа сметаат дека здружени ќе постигнат повеќе бидејќи угостителството, хотелиерството и другите услужнио дејности вработуваат повеќе од 100,000 лица низ Македонија.  Намерите се да ги адресираат свотие проблеми, но во конструктивен дијалог со институциите за да се најдат заеднички решенија за да се постигне целта за креирање слободен пазар со фер и чесни правила на игра, а со тоа и нови работни места кои неминовно ќе произлезат од системско и темелно спроведување политики за економска и туристичка промоција на земјата. Ако еснафот се стави пред политиката, тогаш пазарот сам ќе диктира и квалитет и раст.

„Даночната политика не го стимулира развојот на бизнисот, туку прави уназадување. Бараме од министерствата за економија и финансии средби за решавање на овој проблем“, вели Илија Аргировски.

Една од работите кои им пречат и за кои од институциите бараат решение е и агресивниот пристап на инспекциите.

„Само во Македонија инспектори влегуваат со полиција без судски налог како да сме терористи и ги плашат и гостите и вработените и нас“, рече Аргировски.

Тие побараа да се вклучат и други министерства во решенија, како министерството за образование и министерството за економија поради, како што велат, уште еден голем проблем на угостителите – отсуството на кадар. Посочија дека двете државни угостителски средни училишта вадат околу 400 дипломци годишно, а факултететите за туризам се со неадекватни програми.

Ниту една власт не сфати дека нашата дејност е ткиво од каде што почнуваат други бизниси. Ние сме ткивото кое поврзува илјадници граѓани. Нашиот углед е нарушен, а ова здружение е формирано за подобрување на дејноста. Ние бараме изготвување на национална стратегија каде што ќе учествуваат локалната самоуправа, експерти од даночната политика и други министерства“, велат од здружението „Хорекаши“.

Измени во работното време за враќање на урбаноста и прогресивноста на градовите

Тие бараат работното време на локалите да се изедначи, односно да се работи до 01 часот навечер цела година, наместо да се дели на зимско и летно време.

Скопје некогаш го носеше епитетот „најурбан и најпрогресивен град на Балканот“, за денеска да сведочиме на опша депресија и мизерија. Причина за ова се несоодветните закони за работното време и лиценцирање на клубовите, кабареа и објекти за храна. Бараме работни групи за ревизија на работното време, со цел да допринесеме за живи и урбани градови кои ќе ги стимулираат и ќе помогнат да се развиваат и уметничките и културните дејности во земјава.

Со развиено угостителство до туристички балкански центар

Здружението нагласи дека според сите параметри, потенцијалите на Македонија лежат во туризмот, односно руралниот и регионалниот развој, но дека без реформи и стимулација на овој сектор нема да може да се зборува за реализриање на овие потенцијали.

Време е за инклузивни политики и конструктивна дебата бидејќи она што ние го работиме не се сведува само на некакви права на некакви кафанџии, туку на егзистенцијата на стотици илјади семејства вработени во овие дејности и перспективите на економски просперитет во Македонија. Како што забележува и Европската комисија при креирањето на своите програми за финансиска поддршка на земјата, нашата иднина е во храната, турзимот и обвновливата енергија. Оттука, невозможно е да зборува за било каков економски развој, без да се изготви национална стратегија која ќе ги адресира и реши и нашите проблеми како основна пречка за просперитет на Македонија, рече Аргировски.

Здруженито подготви и краток преглед на нивните барања и намери за идни активности. Прочитајте ги во продолжение, а целото видео од пресот погледнете го овде.

ФЕР И НЕСЕЛЕКТИВНИ КОНТРОЛИ

Ние не сме против казни и инспекции. Ние сме за контроли кои ќе бидат неселективни и реалистични и ќе помогнат заеднички да стимулирале фер и слободен пазар.

СЛОБОДЕН ПАЗАР И СОЦИЈАНА СИГУРНОСТ

Ние не сме против даноци и давачки. Ние бараме креирање на политики кои ќе овозможат подобар живот и социјална сигурност за нашите вработни и ваши сограѓани, а со тоа и поголем буџет на државата.

ДИНАМИЧНИ, КУЛТУРНИ И ПРОСПЕРИТЕТНИ ОПШТИНИ

Ние не сме против регулирање на работното време, ние сме за реални трошоци за лиценцирање на објектите во рамки на европските практики кои почиваат на принципите на слободнот пазар. Само така ќе допринесеме за живи, просперитетни и динамични градови на задоволни домаќини и вистински ќе го развиваме туризмот – најголемиот потенцијал на оваа земја.

ЕСНАФОТ ПРЕД  ПОЛИТИКАТА

Ние сме мали компании без политичка моќ. Затоа и се обединуваме и бараме со институциите заеднички да најдеме решенија  за да креираме слободен пазар со фер и чесни правила на игра, а со тоа и нови работни места кои неминовно ќе произлезат од системско и темелно спроведување на политики за економска и туристичка промоција на земјата

даноци казни работно време Угостители. Стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.