Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, од североисточен правец, а УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степена, а дневната од 26 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 33 степени.