Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува, додека УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветар. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.
Минимална температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 24 до 34 степени.