Published: Thursday, March 3, 2022 13:38
Високиот комесаријат за човекови права (УНХЦР) при Обединетите Нации (ОН) соопшти дека од почетокот на руските напади во Украина досега настрадале 227 цивили, а 525 се повредени.
Од таму нагласуваат дека реалните бројки се значително поголеми, бидејќи со најновиот биланс се опфатени само потврдените цивилни жртви.
Украински официјални лица, пак, соопштија за далеку поголем број на настрадани. Најголем дел од жртвите се убиени со експлозивно оружје со широк ударен домет, вклучувајќи гранати од тешка артилерија и повеќенаменски ракетни системи, како и воздушни напади, се наведува во документот на УНХЦР.




