За годинава останува обврската на граѓаните да поднесат хартиена годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи до 15 март 2018.
УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните дури од 2019 година.
Од јануари 2019 година Управата ќе воведе систем со кој даночната пријава ќе се поднесува по електронски пат. Со овие измени Управата за јавни приходи ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава.
Тогаш, граѓаните ќе имаат обврска само преку компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат од Управата, со еден клик се завршува целата работа.
За да се воведе електронската даночна пријава, потребни се прво измени во Законот за персонален доход, кој наскоро треба да влезе во собраниска процедура.
Електронската даночна пријава од јануари следната година ќе се воведе само за правните лица. Фирмите ќе имаат обврска да поднесуваат електронски пресметки во УЈП.