Управата за јавни приходи на сметките на граѓаните исплати вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен ДДВ од скенирање на фискални сметки во првото тримесечје годинава.

Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” за да добијат навремена исплата, информира УЈП.

Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.