НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП ќе има увид во секоја банкарскa трансакција

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај реакциите во јавноста, УЈП не се откажува од намерата со измени во Законот за банки да има 24 часовен увид во сметките на граѓаните. Ќе се следат уплатите, исплатите, но и депозитите на секој оној кој има трансакциска сметка во некоја од македонските банки.

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо обврзникот, ќе ја пополнува Управата и ќе му ја доставува на обврзникот за потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени, рече денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска која кажа дека и досега од банките добивале податоци но во хартиена форма за даночната постапка.

„Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни. Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход, кажа Лукаревска додавајќи дека со ова  побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Од управата велат дека информациите ќе бидат заштитени и ќе се користат наменски.

„Нема да има службена злоупотреба од нашите вработени и не постојат банкарски тајни, според законот кај нас. Ќе се проверуваат приливи од странство и одливи за да се види како ќе се вкрстуваат тие податоци со даочните пријави“, рече Сања Лукаревска, директорката на УЈП.

Финансиски експерти кои ги консултираше НОВА ТВ велат дека со овие измени  полесно ќе може да се открива прикривањето на данок, зашто даночниците во секое време ќе можат да извршат увид  дали податоците во даночната пријава одговораат на фактичката состојба.
„Од една страна има многу затајување на данок, а на државата и треба секој денар. Ама, од друга страна пак, ова и дава голема моќ на УЈП и може да се злоупотреби и од поединци во УЈП и на стотици други начини“ коментираат експерти за НОВА ТВ.

Од УЈП нема одговор како ќе се заштитат податоците доколку софтверот е нападнат или информациите паднат во раце на трети лица. Остро реагираа и од Асоцијацијата на банки:

„Увид во трансакциските сметки на клиентот претставува директна повреда на неговата приватност, навики, начин на живеење, со што може да се направи непоправлива штета доколку податоците бидат доставени до трети неовластени лица или бидат објавени во јавност. Ова може негативно да влијае на довербата на граѓаните во банките, која макотрпно се гради последниве 20-тина години“ – велат од Македонската асоцијација на банки.

Пред да влезе во процедура во законот треба прецизно да се утврди чувањето и уништувањето на ваков тип податоци. Предлагач на законот е Министерството за финансии кое има намера да овозможи пристап до овие информации и на царинската управа, но не преку софтвер туку со писмено барање.

 

банкарски тајни увид во сметки УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.