Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП ќе поднесе пријави против БМЈ, Меѓународниот сојуз и Томато-затаиле данок од 325.000 евра

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2019 14:43

Управата за јавни приходи најави кривични пријави против три правни субјекти кои директно или индиректно се поврзани со првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски. Поради сомнежи за затајување на данок, од УЈП велат дека пријави ќе бидат поднесени против невладината организација „Меѓународен сојуз“, компанијата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“ и против „Томато продукција“ во чии простории е сместена телевизијата. Според даночните власти, овие три субјекти затаиле околу 20 милиони денари, односно околу 325.000 евра данок.

УЈП при контрола во Меѓународниот сојузи во кој претседател беше токму Боки 13, утврдила дека не се приложени документи за ваучерите за помош на социјално загрозени семејства.

Парите од договорите склучени меѓу Сојузот со „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на старечки домови биле префрлени на физички лица односно кај заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска. Јовановски одбил да го потпише записникот од контролите на УЈП со образложение дека поднел оставка како претседател на Меѓународниот сојуз.

Од УЈП информираат дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

При контролите во 1ТВ се појавило и лице кое се претставило како иден сопственик на телевизијата, но не сакаа да го откријат и неговиот идентитет.

Минатата недела случајот „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама . Меѓу новоосомничените се потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, почесен претседател на Меѓународниот сојуз, потпретседателката на овој Сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски,  Христина Блажевска и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ е во домашен притвор, додека за останатите, судијата на претходна постапка одлучи на Ременски да и биде одземен пасошот и има забрана за напуштање на живеалиштето. Истата мерка е и за Миле Јовановски, додека за Христина Блажевска само мерка привремено одземање на пасош.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески  изјави дека предметот „Рекет“ не е целосно исцрпен и дека Обвинителството работи на утврдување факти и околности и за други две – три дејства.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинение за „Рекет“ против Јовановски, Милевски и Катица Јанева.

Јовановски и Милевски се товарат за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, a Јовановски и за „Перење пари и други приноси од казниво дело “. Јанева се товари дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.