Седум вредни икони, меѓу кои и големата икона на света Богородица од иконостасот, од 19 век изработени од Дичо Зограф се украдени од црквата црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста“ во дебарското село Долно Мелничани.

Земени се и две целивни икони, царевите двери, како и 4.000 денари.
Kражбата ја забележале жители на Дебар завчера кога отишле да запалат свеќи.

Се претпоставува дека крадците влегле откако ја искршиле влезната врата.
Долно Мелничани е на два километра од кракот на регионалниот пат Дебар-Маврово, од месноста Мелнички Мост. Во него има шестмина постојани жители, а за викендите доаѓаат поранешни жители и нивните потомци.