Published: Tuesday, March 1, 2022 08:27
Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов утринава соопшти дека го доставил барањето на Украина за членство во Европската Унија (ЕУ) до Филип Леглис Бонс, постојан претставник на Франција во ЕУ и земја која е актуелен претседавач во Советот на ЕУ.
Апликацијата е поднесена. Процесот е почнат, напиша Ченцов на Твитер.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вчера го потпиша барањето за членство на Украина во ЕУ, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Сибига.




