Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана територија, тврди Зеленски

0
By Zoran Ivanov on August 13, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 13, 2026 09:12

Украинскaта војска во текот на оваа година ослободила 745 квадратни километри окупирана територија и вратила под своја контрола 26 населени места на југоисточниот фронт, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

Операцијата, која според него се одвива точно според планираното, е спроведена од страна на воздушно-десантните единици и дополнителни воени формации долж потег од 60 километри на спојот меѓу Днепропетровската, Донецката и Запоришката област.

Украинските сили во изминатите месеци се обидувале да го зголемат притисокот врз руските позиции долж фронтот со должина од 1.200 километри.

Покрај директните судири на теренот, украинските единици изведуваат редовни напади врз руската логистичка и енергетска инфраструктура со цел да ги ослабат снабдувачките линии на противникот, соопшти Зеленски.

Зеленски истакна дека ослободувањето на 26-те населени места е резултат на добро координирана акција. На официјалните канали беше објавено и видео од Главниот штаб на украинската армија, снимено со беспилотни летала, на кое се гледа како војниците го подигаат украинското знаме во вратените населени места.

Иако Киев известува за значаен напредок, аналитичарите од украинската група за мапирање „ДипСтејт“ („DeepState“) посочуваат дека голем дел од споменатото подрачје сè уште се наоѓа во таканаречена „сива зона“, територија што не е под целосна контрола на ниту една од двете страни. Дел од оваа зона според истите извори сè уште е под руска контрола.

Независните воени аналитичари забележуваат дека динамиката на руското напредување значително забави на поголем дел од бојното поле, иако руските трупи сè уште вршат притисок и се обидуваат да се приближат кон клучните урбани центри во источната Донецка област.

 

Зеленски ослободила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.