Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана
Министерството најави дека размената на заробеници ќе продолжи.
И украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената договорена со Русија.
Русија и Украина вчера соопштија дека размениле по 390 лица, како дел планираната осолободување на по вкупно 1.000 воени заробеници и од двете страни.
Ова е најголемата размена на заробеници од почетокот на војаната во Украина, а беше договорена минатата недела за време на разговорите во Истанбул.
Тоа беше единствениот позначаен исход од првите директни руско-украински разговори од 2022 година, кои ги иницираше американскиот претседател Доналд Трамп.