Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Јанукович се враќа на работа

0
By Нова ТВ on February 3, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2014 10:52

После четири дена боледување, украинскиот претседател Виктор Јанукович се враќа на работа. Опозицијата охрабрена од ветувањата од Западот, продолжуваат со протестите на улиците во Киев. Активистот Дмитриј Булатов, кој во текот на протестите беше измачуван и оставен во шума, ја напушти Украина.

Виктор Јанукович соопшти дека се враќа на работа после четири дена боледување, додека демонстрантите и понатаму не се повлекуваат од плоштадот во центарот на Киев, барајќи од Јанукович да си даде оставка.

Опозициските лидери пак, обраќајки се пред насобраните по состанокот со лидерите на ЕУ и САД, им порачале дека ја имаат меѓународната поддршка во посредувањето во преговорите со Владата и со промените во Уставот, со што би се лимитирала моќта на шефот на државата, пренесува Гардијан.

Во вторник се очекува и посета на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Боледувањето на Јанукович, украинските критичари го нарекуваат тактички потег, со што би се намалил притисокот околу политичкиот компромис.

Јанукович во петокот потпиша Закон за укинување на новите непопуларни ограничувања на собирите за протести, но со тоа не успеа да ги смири противниците кои бараат ослободување на десетина уапсени во последните неколку недели.

Виталиј Кличко, повика на неодложно и безусловно ослободување на сите демонстранти.
Повикувајќи на комплетна промена на раководството, опозиционерите кои присуствуваа на безбедносната конференција во Минхен, им порачаа на граѓаните дека ќе ја имаат и меѓународната економска помош доколку ја преземат власта, по што охрабрени од ветувањата, илјадници демонстранти излегоа на улиците.

Во меѓувреме, премиерот Сергеј Арбузов, најави дека наскоро ќе се именува нова влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.