Во самопрогласените Луганска Народна Република и Доњецка Народна Република денеска започна гласање за парламентарни и претседателски избори.
Украина, САД и ЕУ велат дека нема да ги признаат избори, но Русија ја има дадено својата поддршка на гласање.
Најмалку седум украински војници се убиени од петокот во услови на засилени судири во регионот.
Донецк и Луханск регионите падна кај сепаратистите по неколку месеци на борби во источна Украина, која заврши со Минск договорот за прекин на огнот во септември.
Во ЛНР ќе можат да гласаат сите граѓани кои наполниле 18 години. Ќе бидат отворени повеќе од 100 избирачки места, од кои пет во центрите за времен престој на бегалци во Русија.
Жителите на ДНР, кои наполниле 16 години, можат да гласаат во едно од 363-те избирачки места, од кои три се наоѓаат на територија на Русија, каде ќе можат да гласаат бегалците.
– Се надевам дека нашиот глас ќе промени нешто и можеби ќе бидеме признати за вистинска, независна земја, изјави еден 65-годишен гласач.
Фаворити за победа на изборите се досегашните проруски политички лидери на Доњецк и на Луганск, Александар Захарченко и Игор Плотницки.
Во меѓувреме конвој од над 50 камиони на руското Министерство за вонредни ситуации достави хуманитарна помош во Доњецк, а друг руски конвој испорача помош во Луганск. Ова е петти конвој со хуманитарна помош од Русија за жителите на овие две украински области.




