Украина би можела да се откаже од својата кандидатура за членство во НАТО за да спречи војна со Русија, јавува „Би-Би-Си“, цитирајќи го украинскиот амбасадор во Велика Британија , Вадим Пристајко.
Тој за „Би-Би-Си“ порака дека Украина е подготвена да биде „флексибилна“ во нејзината цел за придружување во северноатлантскиот воен сојуз.
На прашањето „дали Украина би можела да го промени својот став за членство во НАТО“, амбасадор Пристајко одговори потврдно.
Тој наведе дека Украина, поради сериозните закани и уцени, размислува за сериозни отстапки, вклучувајќи и откажување од целта за членство во НАТО“.
Украина не е членка на НАТО, меѓутоа во 2008 година доби ветување дека ќе добие прилика за членство во Алијансата.
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека растечките врски на Украина со НАТО би можеле да ја претворат во лансирна рампа за НАТО ракетите насочени кон Русија.




