Еден член на националната стража е убиен, а околу 100 луѓе се повредени пред Парламентот на Украина, откако пратениците дадоа првична поддршка за реформи за поголема автономија на Исток, кој го држат бунтовниците.
Националната гарда беше нападната со петарди и молотови коктели, за подоцна да бидат слушнати и експлозии, јавува Би-Би-Си.
Пратениците гласаа на тензичната седницата за да се одобрат повеќе ингеренции во областите на Донецк и Луганск, кои се под контрола на проруските бунтовници.
Кревок прекин на огнот во моментов е на сила.
Давање на поголема автономија за области држени од одржа е клучен дел од договорот во Минкс , кој првично беше потпишан во февруари.
Во текот на летото, борбите меѓу украинските сили на армијата и бунтовниците ескалираа. Но двете страни минатата недела се согласија да се запре насилството на 1 септември, денот кога децата во регионот се враќаат на училиште.




