Украинската армија објави дека руските трупи имаат залихи за најмногу три дена и дека наскоро ќе се соочат со недостаток на храна, муниција и гориво.
„Поради логистички пропусти на руските сили, меѓу кои и неспособноста за снабдување со гориво на силите на фронтот, нивните залихи се намалуваат“, соопшти денеска Главниот штаб на Оружените сили на Украина.
„Нападите врз други градови во Украина, како Киев, Чернихов, Суми и Харков, доживеаја уште еден ден на застој“, додаде украинското Министерство за одбрана.
Британците проценуваат дека украинските сили би можеле во контранапад
Британската разузнувачка служба наведе дека украинските сили ги одбиваат руските обиди за освојување на Мариупол, град кој се смета како клучен за успешност на т.н. „специјална воена операција“ на Путин , пишува „Дејли мејл“.
Проценката на украинските сили е, речиси, идентична со мислењата на западни воени стручњаци кои истакнаа дека руските сили ќе снемаат залихи во оваа недела и ќе бидат принудени за привремено запирање на натамошните акции додека не пристигне логистичко засилување.
Поради запирањето на руските напади, украинските сили, според Британците, би можеле да минат во противнапад. Утринава соопштија дека повторно го зазеле градот Макарив на периферијата на Киев, при што ја презеле контролата врз клучниот автопат и ги блокирале руските напори да го обиколат градот од северозапад.
Употреба на биолошко или хемиско оружје?!
Но, тоа не значи дека руската војска е поразена или дека наскоро ќе дојде до прекин на огнот. Воени стручњаци наведуваат дека Путин во ваква ситуација би можел да се реши за побрутално и покрвавво сценарио. Западни лидериу, меѓу кои и Џо Бајден, предупредија дека рускиот претседател во таков случај би можел да посегне по употреба на биолошко или хемиско оружје.




