Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската криза го намали обемот на работа во автомобилската индустрија

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 13:11

Кризата во Украина е причина за намалување на обемот на работа или запирање на производството кај голем дел од производителите на автомобили во Европа.

Според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо, војната во Украина има големо индиректно влијание и врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во Северна Македонија, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа.

Компаниите Фолксфаген, Мерцедес, Порше, Ауди, Мини, се само дел од погодените во моментов.

„Македонските компании, добавувачи за автомобилски компоненти се соочуваат со намален обем на работа, а со тоа и со потенцијално скратено работено време, односно намалување или оптимизирање на вработените и работните места преку упатување на принуден одмор или реорганизација на производството“, рече Мизо, посочувајќи дека со зголемувањето на цената на струјата, нафтата, храната, гасот, транспортот…. драстично се зголемени и дополнителните трошоци.

Со почетокот на војната, нагласи, веднаш почнале проблемите со испорака на компоненти кои се произведуваат во Украина, како и суровини потребни за производство на делови од возилата кон клиентите во Европа. Дополнително, според Мизо, денешната ескалација на конфликтот во Западна Украина, каде што се лоцирани најголем дел од добавувачите од автомобилската индустрија, би предизвикало уште поголемо влијание на ланецот на добавувачи. Се осврна и на изјавата на извршниот директор на Фолксфаген, Херберт Диес, дека воената состојба ќе има поголеми економски влијанија од пандемијата.

„Освен недостатокот на компоненти дополнително се зголемија и цените на многу репроматеријали, кои доаѓаат од тој регион и неизвесно е како и до кога ќе може да се увезуваат. Покачувањето на цената на енергенсите и постоечката инфлација може да предизвика намален обем на производство на компаниите, бидејќи компаниите од тој регион не се во можност да ги испорачаат овие компонентите“, изјави Мизо.

Шест од странските компании, кои имаат производствени процеси во земјава имаат и во Украина и сите тие на еден или друг начин се афектирани од војната. Германски, американски и јапонски компании од автомобилскиот сектор вработуваат над 60.000 луѓе во Украина и претежно произведуваат кабли, навлаки за седишта и електроника. Повеќето од компаниите се трудоинтензивни, а нивните производи се интегрален и важен дел од европскиот ланец на добавувачи.

„Индиректно сме погодени, бидејќи ако ги нема компонентите кои се произведуваат во Украина за европскиот пазар, тоа возило не може да се склопи т.е. произведе и тогаш отпаѓа потребата и од нашите компоненти. Ова е дополнително нешто, кое ќе влијае и ќе ги ги чуствуваме последиците во претстојниот период“, појасни Мизо.

Според него, сите сме во ситуација, да чекаме да видиме колку долго ќе трае војната и како ќе се одрази.

„Воената состојба, зголемената инфлација, намалениот економски сентимент, општата несигурност, како и запирањето на продажбата на рускиот пазар, каде заедно со украинскиот годишно се продаваат скоро два милиони нови автомобили, годинава драстично ќе ја намалат продажбата на нови возила во Европа, споредено со 2021“, истакна Мизо.

Компаниите од автомобилската индустрија се уште ги чуствуваат последиците од недостатокот на чипови, со кој се соочуваа минатата година, покажано преку падот на продажба на нови возила. Во јануари годинава беше забележано најниското ниво на продажба во Европа, откако се води статистика на ниво на Европската унија, а и февруарските бројки се oчекува да се помали од истиот месец лани.

(Извор: МИА)

автомобилска индустрија Виктор Мизо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.