Published: Friday, September 16, 2022 11:01
Украинските власти пронашле гробница со повеќе од 440 тела во североисточниот град Изјум, кој од неодамна е повторно под контрола на украинските сили, изјави главниот полициски истражител за областа Харков, Серхиј Болвинов.
Тој за „Скај њуз“ рече дека некои од луѓето се убиени во гранатирања и во воздушни напади, пренесуваат агенциите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно информира дека во Изјум е пронајдена масовна гробница за што ја обвини Русија.




