Службата за безнедност на Украина (СБУ) го уби денеска членот на украинската делегација во преговорите со Русија, Денис Киреев кој беше на првата рунда разговори во белоруската област Гомел.
Украинска „Правда“ пишува дека Киреев бил застрелан со куршум во глава, откако бил обвинет за „велепредавство“.
Иако засега е нејасно каква улога имал во преговарачкиот тим, ниту точните причини поради кои е обвинет за предавство, сепак се споменуваат некакви спорни телефонски контакти, како и тезата дека „бил руски агент, а таквите се убиваат“.
Веста за неговата смрт ја потврди и пратеникот во украинската Рада (парламент), Александар Дубински.
Украинските медиуми, пак, пренесуваат дека канцеларијата на претседателот Зеленски не го претставила Киреев како учесник во преговорите.
Неговото име го немаше на списокот што го објави прес-службата, но на фотографијата и снимките од средбата во Гомел се гледа Киреев на преговарачката маса, покрај претставниците на Киев.




