Протестот против полициското убиството на еден Афроамериканец во Шарлот, во сојузната американска држава Северна Каролина прерасна во прерасна во вистинска улична војна, во која едно лице е застрелано и се бори за живот.
Втора вечер градот, во кој и претходно имаше слични судири, е арена на конфликт помеѓу граѓаните и полицијата, а директна причина е убиството на Кит Ламар Скот – афроамериканец, татко на 7 деца, кого полицијата го застрела, бидејќи бил вооружен.
Но вчерашните насилства започнаа откако во првичните демонстрации и изразување граѓански револт е застрелано едно лице, кое се бори за живот, иако првично беше објавено дека е убиено.
Гувернерот на државата Северна Каролина Пат МакКори прогласи вонредна состојба во градот. Нередите се толку жестоки што побарана е помош од националната гарда и американската сообраќајната полиција.
– Сакам да ги уверам луѓето во Северна Каролина, дека државното биро за истраги веќе и помагаат на полицијата во Шарлот. Наскоро ќе бидат испратени и војници, кои ќе ги совладаат немирите, напиша на Фејсбук гувернерот МакКори.
Во градот се слушаат истрели, а на улиците е вистински хаос: луѓето фрлаат димни бомби, демолираа коли и продавници. Очевидци од Шарлот изјавуваат дека помогнале на минимум осум лица, од кои седум полицајци и еден цивил.
Според полицијата, 43-годишниот Кит Ламар Скот е убиен, бидејќи бил вооружен и одбил да го остави оружјето по наредба на полицијата. Неговото семејство и очевидци тврдат дека тој држел книга, а не пиштол.




