Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, при денешната средба изразија подготвеност историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи.
Како што изјави Заев на заедничка прес-конференција со Борисов, за таа цел двајцата премиери ќе се поклонат пред споменикот на Цар Самоил во Бугарија, а истото ќе го сторат кога Борисов ќе ја посети Македонија.
Воедно премиерите Заев и Борисов разговарале со цел за зајакнување на односите, во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје да се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.