Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Улиците и парковите полни со луѓе по серијата земјотреси во Скопје

0
By Влатко Чаловски on September 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешната серија земјотреси која го погоди главниот град има силен импакт врз жителите на Скопје и околината. Многумина од нив по вториот посилен змјотрес кој беше почувствуван попладнево по 15:10 часот, со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, ги напуштија домовите и седат на отворено.

Велат, од стравуваат од можни нови потреси.

– Седев дома гледајќи телевизија и одеднаш почна да тресе. Не беше кратко, и со сопругата побегнавме. Ќе се вратиме дома кај да одиме. Овој земјотрес кој беше утрото како да беше предупредување за поголемиот во 15 и 10. Сите се излезени, гужва е, вели еден од соговорниците пред камерата на НОВА.

Улиците и парковите во Скопје и понатаму се полни со луѓе. Некои од нив исплашени од денешните потреси седеа во своите коли и избегнуваа да зборуваат пред камера, а има и такви кои ги пакуваат своите коли за вечерва да преспијат на село, викендица или друг град.

На некои постари градби пак, оштетени им се крововите, односно оџаците, а има и мали одрони од фасадите.

Скопје денеска го потресоа пет земјотреси. Најпрво околу 6:50 часот беше почувствуван посилен земјотрес за веднаш по него да следи и помал. Првиот беше со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес со јачина од 2,8 степени.

По двата утрински земјотреси, попладнево по 15:10  часот беше почуствуван уште еден посилен, со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, со епицентарот на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од два километри.

По него следуваше помал и краток потрес. Околу 17 часот жителите на Љубанци, Радишани и околината повуствуваа ново, помлако стресување на земјиштето.

Дирекцијата за заштита и спасување на својата веб страна има објавено прирачник или упатство за постапување на граѓаните  при случаи на земјотрес.

Во моментов заседава Центарот за управување со кризи.

земјотрес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.