Published: Tuesday, December 9, 2014 11:54
Властите во Хонгконг најавија расчистување на улиците, а демонстрантите кои повеќе од два месеца го блокираат сообраќајот имаат рок до четврток да го напуштат протестниот камп.
– Би сакал јавно да апелирам студентите да се тргнат од локациите додека се уште има време, изјави адвокатот кој ја застапува компанијата за сообраќај со автобуси.
Според „China Morning Post“ околу 3.000 полицајци ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите.
Протестите траат веќе над два месеца, а демонстрантите бараат поголема демократија, односно право да избираат свои кандидати на изборите 2017.




